Лев банер Десен банер

Два инциденти со насилство во Охрид: Семејно насилство и напад пред угостителски објект

На 22.02.2026 година во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.С. (40) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал својата сопруга во семејниот дом. По целосно документирање на настанот, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава согласно законските одредби.

Истиот ден, во 15:10 часот, пред еден угостителски објект во Охрид, три лица физички го нападнале Н.Е. (28) од село Злести, општина Дебрца. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: