Лев банер Десен банер

Помладите пионерки на ЖКК Струга 2009 се искачија на врвот на табелата, сениорките обезбедија плеј-оф

Одличен викенд за кошаркарките на ЖКК Струга 2009, со убедлива победа на помладите пионерки, триумф на сениорките и пораз на кадетките на гостински терен.Помладите пионерки во дуелот против Петровски, славеа со високи 27:52 (02:13; 00:21; 12:07; 13:11) и со оваа победа се искачија на првото место на табелата.

Најефикасни во редовите на ЖКК Струга 2009 беа: Ајдиноска 17 поени, Матеска 13 поени, Дукоска и Кајмакоска по 8 поени, Денкоска 3 поени, Мијеска 2 поени и Кукунешоска М. 1 поен.

Екипата прикажа доминантна игра, особено во одбраната, дозволувајќи му на противникот минимален број поени во првото полувреме.

Кадетската екипа на ЖКК Струга 2009 беше поразена на гостувањето кај Спорт Тим со 44:29 (11:09; 07:01; 15:07; 11:12).

Најефикасни кај стружанките беа: Милеска 10 поени, Коруноска и Зиба по 4 поени, Даути и Миладиноска по 3 поени, Танаскоска Е. и Миевска по 2 поени и Таранеши 1 поен.

И покрај борбеноста, домашната екипа успеа да ја задржи предноста и да стигне до победата.

Најголемата радост дојде од сениорскиот состав на ЖКК Струга 2009, кој со победата во Куманово против Ринија од 39:56 (11:12; 18:09; 10:25; 00:10) го осигура второто место на табелата пред последното коло и обезбеди пласман во плеј-офот.

Најефикасни беа: Зиба 19 поени, Муртезаи 10 поени, Миладиноска 9 поени, Хиса 8 поени, Даути 5 поени, Танаскоска 3 поени и Таранеши 2 поени.

Со овие резултати, ЖКК Струга 2009 потврдува дека располага со квалитет во сите возрасни категории и дека клубот продолжува да гради стабилна и успешна кошаркарска приказна.

StrugaOnline

error: