Малолетник без возачка дозвола запрен од полицијата во Охрид, возилото одземено
На 01.03.2026 година во 23:40 часот, при сообраќајна контрола на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид исклучиле од сообраќај патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки.
При контролата било утврдено дека возилото го управува малолетно лице кое нема положено возачки испит и нема стекнато право за управување со моторно возило.
Во присуство на родител, возилото било одземено, а по целосно документирање на настанот, Стефан Димоски од СВР Охрид најавува поднесување на соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

