Пливачки Клуб „Струга“ блесна на меѓународниот натпревар НЕПТУН 2026 во Скопје
Пливачкиот клуб Струга оствари одличен настап на меѓународниот натпревар НЕПТУН 2026, кој викендов се одржа во Скопје. На силната конкуренција од 49 клубови од Македонија, Србија, Бугарија, Косово и Албанија, со над 400 натпреварувачи, стружани се вратија дома со вкупно девет медали и бројни лични рекорди.
Клубот освои 3 златни медали, 1 сребрен медал и 5 бронзени медали.
Сара Филева беше една од најуспешните натпреварувачки, освојувајќи две злата и една бронза:
1. место – 50 м слободно (10 г. и помлади) – 34.84
1. место – 50 м грбно – 39.93
3. место – 50 м делфин – 41.31
Антониа Чакар освои 1. место – 50 м градно (10 г. и помлади) – 48.04
Бојана Костоска освои две бронзи во силна конкуренција:
3. место – 200 м делфин (13–14 г.) – 3:46.74
3. место – 200 м делфин (отворена категорија) – 3:46.74
Лана Велоска се закити со сребро:
2. место – 200 м мешано (11–12 г.) – 4:40.25
Дора Филева додаде уште две бронзени одличја:
3. место – 400 м слободно (13–14 г.) – 7:12.02
3. место – 200 м грбно – 3:37.90
Покрај освојувачите на медали, одлични настапи со подобрени лични времиња забележаа и: Максим Тодороски, Илија Тодороски, Арби Зиба, Меланија Костоска, Деспина Чакар, Сара Рамадани, Бобан Филев, Матеј Јолдески, Јана Нанушевска, Маркијан Лазороски, Саво Ристоски, Ана Симакоска, Ненад Костоски, Марко Арсвоски, Ели Чавкоска, Оги Вранишкоски, Ангела Филева и Мартин Цветкоски.
Во генералниот пласман, од вкупно 49 клубови ПК Струга го освои 10. место според бројот на освоени медали и 6. место според напредокот на времињата
Од клубот истакнуваат дека се горди на посветеноста, дисциплината и напредокот на своите пливачи, најавувајќи уште посилни настапи во претстојниот период, и продолжуваат храбро и мотивирано кон нови предизвици и успеси.
StrugaOnline

