Апел: Се бара стружанецот Благојче Матоски, последен пат виден кај Будимпешта
На социјалните мрежи, особено на Facebook, се споделува апел за пронаоѓање на стружанецот Благојче Матоски, кој според објавите е исчезнат и последен пат бил забележан во близина на Будимпешта.
Според информациите објавени на социјалните мрежи, Матоски бил виден како стопира на пат кон Македонија. Се наведува дека тој има оштетен слух, а во моментот кога бил забележан немал ниту пари, ниту телефон.
Семејството и блиските упатуваат апел до сите граѓани кои евентуално се наоѓаат во Унгарија, Србија или на рутата кон Македонија, доколку го забележат, да му помогнат да стапи во контакт со семејството или, доколку се во можност, да му помогнат да стигне до Србија или Македонија.
За било какви информации или помош, семејството замолува веднаш да се јави на телефонскиот број +389 77 596 910.
StrugaOnline

