Студиото за танц „Бах“ од Струга вечерва дел од концертниот спектакл „КИЛОМЕТРИ ЉУБОВ“ на Влатко Лозаноски – Лозано
Студиото за танц „Бах“ ќе бидат дел од големиот концертен спектакл „КИЛОМЕТРИ ЉУБОВ“ на Влатко Лозаноски – Лозано, кој ќе се одржи денеска, 7 март во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Станува збор за сосема поинакво шоу, најавено како визуелен и музички спектакл со танчери, нови преработки на познатите хитови, специјални гости и сценска продукција на високо ниво. Токму во тимот на Лозано на сцената во најголемата арена во земјава ќе настапат и девојките од Студиото за танц „Бах“ од Струга, кои се задолжени за кореографиите на овој голем настан.
Нивното учество претставува значајно признание за струшката танцова сцена и уште една потврда дека талентот и посветеноста на младите уметници од Струга добиваат место на најголемите сцени во државата.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со љубов, енергија и многу музика, а публиката ќе има можност да биде дел од незаборавна приказна и емоции кои ќе се паметат.
Струга со гордост ќе ги следи своите претставнички на сцената во Арена „Борис Трајковски“, испраќајќи силна поддршка и аплауз за стружанките од Студиото за танц „Бах“.
StrugaOnline

