Акција за расчистување на диви депонии во Белица
Во населеното место Белица беше спроведена акција за чистење на дивите депонии, на иницијатива на Месната заедница Белица, со поддршка на Општина Струга.
Во акцијата учествуваа локални активисти и жители, а беше обезбедена и техничка поддршка од компанијата АД „Илимден“, со што беа расчистени повеќе локации низ месната заедница.
Од Општина Струга изразија благодарност до сите активисти, жители и компании кои се вклучуваат во ваквите активности и со својот ангажман придонесуваат за почиста и подобра заедница.
Воедно, од општината апелираат до граѓаните да ја чуваат животната средина и да не создаваат диви депонии, нагласувајќи дека грижата за чиста околина е заедничка одговорност на сите.
StrugaOnline

