Лев банер Десен банер

Учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга со награди на меѓународен поетски и прозен конкурс

Учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга постигнаа значаен успех на Меѓународен поетски и прозен конкурс, каде со своите литературни творби оставија силен впечаток меѓу младите автори од повеќе средини.

Со искреност, креативност и литературна зрелост, младите таленти успеаја да освојат високи признанија и да го претстават училиштето во најдобро светло.

Прва награда на конкурсот освоија Матеј Далчески и Јована Коциќ, додека втора награда им припадна на Леа Пејоска и Христина Дејкоска.

Од училиштето истакнуваат дека овој успех е доказ дека талентот, кога е поттикнат со љубов кон книгата и со поддршка од наставниците и училиштето, може да прерасне во вистинска уметност.

Воедно, од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга упатуваат честитки до наградените ученици, со желба ова признание да им биде поттик за нови идеи, нови стихови и нови литературни творби во иднина.

StrugaOnline

error: