Охриѓанец во домот физички ја нападнал невенчаната сопруга и нивното малолетно дете
На 10.03.2026 во 23:15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода О.Л.(44) од Охрид по претходна пријава дека, во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

