Концерт на познатиот харфист Емануел Сејсон од Франција вечерва во Охрид

- Локални
857

Во Црквата “Св.Софија” во Охрид вечерва во 20.30 часот концерт ќе одржи  светски познатиот харфист Емануел Сејсон, од Франција.

Во рамките на неговата концертна програма ќе бидат изведени делата на Бах, Шпор, Рение, Дебиси, Форе и Салзедо.
Емануел Сејсон во периодот од 2006 до 2015 година е соло-харфист во оркестарот на Париската национална опера.

Тој редовно настапува на фестивалот во Картагена (Колумбија), одржува мајсторски курсеви во Ница и е главен предавач на мајсторскиот курс поддржан од Фондацијата „Салви”. Во моментов Емануел Сејсон е соло-харфист на операта “Метрополитен” во Њујорк и предава харфа во школата за музика „Менс”.

Концертот се одржува во рамките на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“

 

Facebook Коментари