Лев банер Десен банер

Охридскиот аеродром со две нови дестинации: Братислава достапна веднаш, Милано од 29 март

Од денеска 17 март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, а веќе од 29 март се воведува уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано Малпенза (Италија).

Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата. Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации, вели министерot за транспорт Александар Николоски.

Преку Виз ер, покрај до Милано, според претходните најави од ТАВ Македонија годинава од aеродромот Свети Апостол Павле Охрид ќе има директни летови и до Вроцлав (Полска), а се враќа и рутата до Катовице (Полска).

Летовите од охридскиот аеродром до сите 3 дестинации ќе се одвиваат два пати неделно, до Милано Малпенза стартуваат на 27 март, за Вроцлав на 7 јуни, додека за Катовице на 8 јуни.

StrugaOnline

error: