Учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“, освоија награди на општинскиот натпревар по италијански јазик
Вчера, 18 март 2026 година, во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга се одржа општински натпревар по италијански јазик, на кој учествуваа 35 ученици од основните училишта од Струга.
Учениците од домаќинот уште еднаш ја потврдија традицијата на одлични резултати, освојувајќи повеќе награди во различни одделенија.
Во конкуренција на шесто одделение, првото место го освои Софија Гук, под менторство на Викторија Бебекоска.
Во седмо одделение, златен медал освои Христина Дејкоска, додека третото место му припадна на Петар Кукунеш – и двајцата под менторство на Викторија Бебекоска.
Кај осмо одделение, второто место го освои Радмила Тодороска, под менторство на Ѓурѓица Кутаноска.
Во деветто одделение, првото место го освои Матеј Далчески, исто така под менторство на Викторија Бебекоска.
Со постигнатите резултати, наградените ученици обезбедија пласман на регионалниот натпревар, каде ќе ја претставуваат својата школа и општина.
Од училиштето упатија честитки до сите наградени ученици и нивните ментори, истакнувајќи дека овие успеси се резултат на посветена работа, знаење и континуирана поддршка.
StrugaOnline

