Лев банер Десен банер

Потпишан меморандум за подобри услови: Менди Ќура се сретна со новинарите и медиумските работници

Градоначалникот Менди Ќура оствари средба со претставници на Синдикат на независни новинари и медиумски работници, на која беа разгледани клучните предизвици и потреби со кои се соочуваат новинарите и локалните медиумски работници.

На средбата беше потпишан заеднички Меморандум, чија цел е подобрување на условите за работа, како и зголемување на институционалната поддршка за медиумскиот сектор. Со овој чекор, двете страни ја потврдуваат заложбата за унапредување на професионалните стандарди и обезбедување подобра заштита на новинарите.

Според соговорниците, иницијативата претставува значаен исчекор кон зајакнување на слободата на медиумите и нивната улога во општеството. Истовремено, беше нагласено дека подобрувањето на условите за работа и поголемата безбедност на медиумските работници остануваат приоритет и во наредниот период.

StrugaOnline

error: