Лев банер Десен банер

Вредна донација за ЈП Комунално Струга: нова опрема за поуредени зелени површини

Донација која на прв поглед изгледа симболична, но има огромно значење за градот, денес беше реализирана во корист на ЈП Комунално Струга, благодарение на општествената одговорност и великодушноста на младиот претприемач Аднан и неговата компанија Z&J Creative.

Со оваа донација, претпријатието се здоби со нова и неопходна опрема за одржување на парковите и зелените површини, вклучувајќи четири косилки за трева, четири тримери, четири дувалки за лисја, како и повеќе од 30 заштитни чевли за вработените.

Од ЈП Комунално Струга истакнуваат дека ваквиот гест претставува не само материјална поддршка, туку и силна порака за грижа, заедништво и љубов кон градот. Донацијата е значаен придонес за подобрување на условите за работа на вработените, но и за поквалитетно одржување на јавните површини.

Воедно, оваа иницијатива се посочува како позитивен пример и поттик до останатите компании и бизниси да се вклучат во слични активности, со цел заедничко унапредување на животната средина.

Како што нагласуваат од претпријатието, секој придонес – без разлика на неговата големина – создава вредност за заедницата. Ваквите примери покажуваат дека кога бизнис-секторот и јавните институции соработуваат, резултатите се видливи и долгорочно одржливи.

Градот е заеднички дом на сите граѓани, а неговата убавина зависи од грижата што заеднички ја вложуваме.

StrugaOnline

error: