Лев банер Десен банер

Во Струга се одржа инклузивниот настан „Сина Фреквенција“ за подигање на свеста за аутизмот

Општина Струга организираше инклузивен настан под мотото „Сина Фреквенција“, во соработка со Bright Steps, Europe House Струга, ООУ „Браќа Миладиновци” и ОРТУС, по повод Светскиот ден на свесноста за аутизмот.

Настанот беше насочен кон создавање средина на прифаќање, разбирање и меѓусебно поврзување. Преку заеднички активности, децата имаа можност да учат едни од други и активно да учествуваат во инклузивен простор кој ја поттикнува еднаквоста и емпатијата.

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, истакна дека според општинските податоци, во основните училишта на територијата на општината има над 500 деца со одреден вид потешкотии во интелектуалниот развој.

Тој нагласи дека општината е целосно посветена на поддршка на оваа ранлива категорија, со цел нивна поголема видливост во општеството, обезбедување соодветна помош и создавање подобри услови и за децата и за нивните семејства.

Од локалната самоуправа порачаа дека ќе продолжат со конкретни активности и мерки во насока на градење инклузивна заедница и унапредување на квалитетот на живот за сите граѓани, особено за ранливите категории.

StrugaOnline

error: