Лев банер Десен банер

Во ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга се одржа едукативно предавање за вакцинација во Струга

По повод Европска недела на имунизација, во ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга се одржа едукативно предавање посветено на значењето на вакцинацијата и заштитата на јавното здравје.

Предавањето го реализираа д-р Божана Велковска и медицинската сестра Румена Чатарошкоска од Здравствен дом Струга, кои на учениците им ги доближија основните информации за имунизацијата.

Учениците имаа можност да се запознаат со улогата на вакцините во заштитата на здравјето, како и со важноста од редовна имунизација за спречување на ширење на заразни болести. Преку интерактивна презентација, тие стекнаа нови знаења за функционирањето на имунолошкиот систем и придобивките од вакцинацијата.

Организаторите упатија благодарност до здравствените работници за нивната посветеност и значајниот придонес во едукацијата на младите, како и за подигнување на свеста за важноста од имунизацијата во заедницата.

StrugaOnline

error: