Лев банер Десен банер

„Парите се отепувачка” повторно на репертоарот во охридскиот театар на 29 април

Театарската претстава на Народен театар Охрид „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле охриѓани и стружани ќе можат повторно да ја погледнат во среда 29.04.2026 година, со почеток во 20 часот.

Во претставата играат Стрезо Стаматовски (Митре), Филип Кипровски (Анѓеле), Марија Новак (Мара), Адријана Билаловиќ – Тодороска (Ката) и Никола Тодороски (Софре). Адаптацијата и режија е на Андреј Цветановски, сцена, костими и видео дизајн Сергеј Светозарев, а за музиката е задолжен Димитар Андоновски.

Карти во продажба на билетара од понеделник 09.03.2026 г, цената на карта е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.

StrugaOnline

error: