Лев банер Десен банер

Поетска вечер и изложба во понеделник во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга

Во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, на 27 април (понеделник), ќе се одржи културен настан кој обединува поезија и ликовна уметност.

Пред струшката публика ќе настапат авторките Вања Влаховиќ, Лида Шерафатманд и Виолета Наумовска, кои ќе приредат поетско читање, проследено со изложба.

Настанот ќе се одржи во салата за работилници (соба бр. 2), со почеток во 18:00 часот и ќе трае до 19:30 часот. Влезот е бесплатен за сите посетители.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со уметничка инспирација и можност за љубителите на културата да уживаат во поетски израз и визуелна естетика.

StrugaOnline

error: