Лев банер Десен банер

Пожар на импровизирана барака на магистралниот пат Струга – Охрид

На 27.04.2026 околу 07:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Струга – Охрид настанал пожар на импровизирана барака, сопственост на С.Ј.(45) од Скопје, со привремен престој во Струга.

Од екипа на Територијалната противпожарна екипа Струга пожарот бил изгаснат, а со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струга, се здобила А.С.(37) од Куманово и нејзината двегодишна ќерка, кои биле во бараката. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: