Инцидент на училишно игралиште во Струга, пријавени физички напади врз малолетници а вмешани се и возрасни лица
На 03.04.2026 во 21:00 часот во ОВР Струга, А.П.(39) од Струга пријави дека околу 18:00 часот на игралиште во основно училиште во Струга, неговиот малолетен син, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од малолетно девојче, од друго лице, а подоцна и од мајката на девојчето. Исто така, М.Б.(48) од Струга пријави дека и нејзиното дете, на игралиштето било физички нападнато од неколку лица, а потоа и од женско лице, кое ја нападнало и неа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

