Охрид домаќин на завршниот Мастерс квиз на Македонската Квиз Асоцијација
Македонската квиз асоцијација (МКА) го најавува завршниот Мастерс квиз за сезоната, кој ќе се одржи на 10 мај 2026 година (недела), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.
Овој престижен настан, кој веќе прерасна во традиција, по четврти пат се организира во Охрид, собирајќи ги најдобрите квизаџии од земјата на едно место. Учесниците ќе имаат можност да ги тестираат своите знаења во широк спектар на области, меѓу кои култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и светски теми.
Натпреварувањето ќе опфати вкупно 200 прашања, поделени во два дела со по четири тематски целини и по 100 прашања. За секој дел е предвидено време од еден час, што ќе бара висока концентрација, брзина и знаење од учесниците.
Посебна тежина на настанот му дава авторот на прашањата, Зоран Јорданов, еден од најпознатите имиња на македонската квиз сцена. Тој стои зад култни проекти како „Енигма“, „Бројки и букви“ и „Листа за 300“, што гарантира квалитетен и предизвикувачки квиз за сите учесници.
Официјалниот настан на фесјбук можете да го најдете на следниот линк:
https://www.facebook.com/events/719870161182100
Пријавувањето е отворено и сите заинтересирани може да го пополнат формуларот на следниот линк: https://forms.gle/spQJooNodVzbdnK97
За дополнителни информации и медиумски контакти, слободно обратете се до Македонската квиз асоцијација:
mka.mkd21@gmail.com
https://www.facebook.com/makedonska.kviz.asocijacija
StrugaOnline

