Со повеќе манифестации ќе се одбележи 7 мај, Денот на македонската полиција
По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, СВР Охрид организира низа активности со цел доближување на полициската работа до граѓаните и одбележување на професионалниот празник.
Утре, на 6 мај, во периодот од 13 до 19 часот, на градското пристаниште во Охрид, полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ ќе одржи отворен ден. Граѓаните ќе имаат можност одблиску да ги разгледаат пловните објекти, како и материјално-техничките средства и опрема што ги користат полициските службеници во секојдневното извршување на нивните задачи на езерото.
Централниот настан ќе се одржи на 7 мај (четврток), кога СВР Охрид ќе организира свечен прием за претставници на локалната самоуправа од Охрид и Дебрца, како и за претставници на државни институции со кои соработува. На настанот ќе присуствуваат и активни и пензионирани полициски службеници, а традиционално ќе биде прогласен и најдобриот полицаец.
Во пресрет на празникот, честитки до полициските службеници веќе пристигнаа од најмладите. Децата од детската градинка „Јасна Ристеска“ на 4 мај ја посетија полициската станица во Охрид, каде имаа можност да се запознаат со дел од работните простории, полициските возила и опремата што полицијата ја користи во својата работа.
StrugaOnline

