Убедлива победа за помалите пионерки на ЖKK Струга 2009 против ГКК Охрид
Помалите пионерки на ЖKK Струга 2009 забележаа убедлива победа над ГКК Охрид со резултат 48:11, во натпревар во кој домашниот тим доминираше во текот на сите четири четвртини.
Стружанките уште од самиот почеток наметнаа силно темпо и првата четвртина ја добија со убедливи 18:1. Предноста продолжи да расте и во продолжението од натпреварот, па на полувреме резултатот изнесуваше 30:5. Во второто полувреме стружанки не дозволија изненадување и рутински го приведоа мечот до крај.
По четвртини резултатот беше: 18:01, 12:04, 10:03 и 08:03.
Најефикасна во победничкиот состав беше Кајмакоска со 11 поени, додека Дукоска и Матеска постигнаа по 8 поени. Ајдиноска натпреварот го заврши со 7 поени, Чакареска додаде 6, а Денкоска, Маркоска Из. и Мијевска реализираа по 2 поени.
StrugaOnline

