Лев банер Десен банер

Одржан 47. општински натпревар по прва помош во Струга

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Струга, на 6 мај 2026 година успешно го реализираше 47. општински натпревар по прва помош, на кој учествуваа вкупно 11 екипи во категориите подмладок и млади.

Натпреварот имаше за цел да ги поттикне младите на стекнување знаења и практични вештини за укажување прва помош, како и развивање на хуманост, тимска работа и подготвеност за помош во итни ситуации.

Во категоријата „Подмладок“, првото место го освоија учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга. Второто место го поделија две екипи – ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга и ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга, додека третото место му припадна на ООУ „Екрем Јакупи“ – Корошишта.

Во категоријата „Млади“, најуспешна беше екипата од СУГС Гимназија „д-р Ибрахим Темо“ – Струга, која го освои првото место. Второто место го освои СУГС „Нико Нестор“ – Струга, додека третото место повторно заврши кај екипата од СУГС Гимназија „д-р Ибрахим Темо“ – Струга, од албанска и турска паралела.

Од Општинската организација на Црвениот крст Струга изразија задоволство од интересот и покажаното знаење на учесниците, нагласувајќи дека ваквите натпревари имаат големо значење за едукацијата и подготвеноста на младите генерации.

StrugaOnline

error: