Лев банер Десен банер

Ресторанот „Покрај Дрим“ го слави својот прв роденден оваа сабота

Тимот на ресторанот „Покрај Дрим“ Струга упати јавна покана до своите гости и поддржувачи за заедничка прослава по повод посебен ден за нивниот тим и бренд.

Од „Покрај Дрим“ велат дека вечерта ќе биде исполнета со добра храна, пријатна атмосфера и незаборавно дружење, а воедно изразија благодарност до сите кои им ја даваат својата доверба.

За забавата се задолжени Ангел Стојкоски, Мартин и Бени, а ќе се одржи во сабота, 16 мај со почеток во 20 часот, со 20% попуст на целото мени.

„Ви благодариме што нè избирате и што ни давате мотив секој ден да бидеме уште подобри“, порачаа од тимот.

Во својата порака, тие нагласуваат дека ова е само почеток на нивната приказна и најавуваат уште многу убави моменти и новини за посетителите.

StrugaOnline

error: