Полицијата на Ќафасан лиши од слобода лице од Албанија барано за кражба
На 25.05.2026 во 14:30 часот на Граничен премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода М.С.(67) од Р.Албанија, поради тоа што при извршени гранични проверки било констатирано дека бил баран од НККР Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

