ОВР Струга приведе лице по пријава за нарушување на јавниот ред и мир
На 25.05.2026 во 20:05 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа А.Х.(46) од с.Велешта, струшко, по претходна пријава дека во близина на угостителски објект го нарушил јавниот ред и мир со кршење предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

