Лев банер Десен банер

Албански државјанин уапсен во Струга – кај него пронајдена марихуана и нелегално престојувал во земјава

На 29.07.2026 во 21:00 часот на улицата „Јово Стефаноски Риле” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Ѓ.(30) од Република Албанија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По преземени мерки, исто така, било констатирано дека нелегално престојувал во Струга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: