Лев банер Десен банер

Во функција се камерите на Безбеден град во дел од општина Дебрца, наскоро ќе стартуваат и во Охрид

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по успешно завршеното финално тестирање, во функција се ставени безбедносните камери од системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на автопатската делница меѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца.

Од МВР информираат дека во наредниот период камерите од системот ќе бидат активирани и на сообраќајниците во Охрид и поширокиот регион, каде што опремата е веќе поставена, а во тек е завршната техничка проверка и тестирање.

Според Министерството, системот „Безбеден град“ ќе овозможи поефикасна и континуирана контрола на сообраќајот, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, подобрување на сообраќајната дисциплина и зголемување на безбедноста на патиштата.

Од МВР очекуваат воведувањето на системот да придонесе и за намалување на бројот на сообраќајни незгоди, преку поголема одговорност и почитување на сообраќајните правила од страна на возачите.

„Апелираме до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта низ државата“, порачуваат од Министерството за внатрешни работи.

Извор: СВР Охрид

StrugaOnline

error: