Лев банер Десен банер

Вандализирани гробови кај храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Боровец

Случај на вандализам е регистриран во селото Боровец, каде што биле оштетени гробови во гробиштата при храмот „Успение на Пресвета Богородица“.

Според информациите, непознати сторители извршиле искоренување и кршење на повеќе гробни обележја, предизвикувајќи материјална штета и вознемиреност кај жителите на селото.

Настанот предизвика осуда кај локалното население, кое бара надлежните институции што поскоро да го расчистат случајот и да ги пронајдат сторителите.

Жителите велат дека ваквиот чин претставува грубо непочитување на вечните почивалишта и навреда за семејствата на починатите, но и за верските и културните вредности на заедницата.

Се очекува надлежните органи да извршат увид и да преземат мерки за целосно расчистување на случајот, како и за утврдување на причините и одговорноста за овој вандалски чин.

StrugaOnline

error: