Лев банер Десен банер

Иле Велоклењоски избран за вршител на должност претседател на Месната заедница во Враништа

Иле Велоклењоски е избран за вршител на должноста претседател на Месната заедница во селото Враништа, соопштија од Одделението за соработка со Месни заедници при Општина Струга.

Во наредниот период, во соработка со Општина Струга, ќе биде организиран граѓански собир, на кој жителите на Враништа ќе изберат девет члена на Месната заедница.

Од Одделението за соработка со Месни заедници при Општина Струга посочуваат дека формирањето на новиот состав ќе овозможи поефикасно функционирање и подобра комуникација со граѓаните, како и поуспешна реализација на локалните иницијативи и проекти од интерес за селото.

Датумот и местото на одржување на граѓанскиот собир ќе бидат дополнително објавени, а сите жители ќе имаат можност активно да учествуваат во изборот на новото раководство на Месната заедница.

StrugaOnline

error: