Лев банер Десен банер

Во недела 9 август ќе се одржат Брческите средби 2026

Месната заедница и Црковниот одбор од селото Брчево ги покануваат сите жители, иселеници, потомци и пријатели на селото да бидат дел од овогодинешните „Брчески средби“, кои ќе се одржат на 9 август (недела) во дворот на манастирот „Свети Димитрија“.

Организаторите најавуваат ден исполнет со дружење, добра атмосфера, традиционална брческа скара и освежителни пијалаци, со цел повторно да се соберат на едно место сите оние што се поврзани со Брчево, за музиката и одличната забава задолжени се Ангел Стојкоски и Стефан Јоноски.

Посебен акцент и годинава е ставен на хуманитарниот карактер на настанот. Како што информираат организаторите, целокупниот приход од продажбата на храна и пијалаци ќе биде наменет за потребите на манастирот „Свети Димитрија“.

Воедно, од Месната заедница апелираат до сите посетители строго да ги почитуваат безбедносните мерки. Забрането е палење скари, огнови и каков било вид на отворен оган, а секој што нема да ја почитува оваа забрана ќе сноси лична одговорност.

Организаторите информираат дека за одржувањето на настанот се обезбедени сите потребни одобренија од надлежните институции и упатуваат покана до сите љубители на традицијата и дружењето да бидат дел од овогодинешните „Брчевски средби“.

„Ве очекуваме во што поголем број за заедно да ја продолжиме традицијата, да се дружиме и да дадеме поддршка на нашиот манастир“, порачуваат од Месната заедница и Црковниот одбор на Брчево.

StrugaOnline

error: