Лев банер Десен банер

Турнирот во мал фудбал „Драслајца 2026“ со вкупен награден фонд од 250.000 денари – пријавувањето е во тек

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, Младинската организација на село Драслајца и оваа година го организира традиционалниот турнир во мал фудбал „Драслајца 2026“, кој ќе ги собере најдобрите екипи и бројните љубители на спортот од регионот.

Организаторите ги повикуваат сите фудбалски екипи да се пријават и да бидат дел од уште едно квалитетно издание на турнирот, кое годинава носи вкупен награден фонд од 250.000 денари, за 1. место – 140.000 денари, 2. место – 70.000 денари, 3. место – 30.000 денари и 4. место – 10.000 денари.

Покрај екипните награди, ќе бидат доделени и индивидуални признанија за најдобар играч и најдобар голман.

Пријавувањето на екипите трае до 10 август, а котизацијата за учество изнесува 5.000 денари.

Заинтересираните екипи можат да се пријават или да добијат дополнителни информации на телефонските броеви 078 514 011 и 071 272 568.

Од Младинската организација на Драслајца упатуваат благодарност до сите спонзори кои го поддржаа овогодинешното издание на турнирот, истакнувајќи дека токму нивната поддршка овозможила обезбедување на рекордниот награден фонд.

„Ги покануваме сите љубители на спортот да бидат дел од овој традиционален настан и заедно да создадеме уште една прекрасна фудбалска приказна исполнета со фер-плеј, дружење и натпреварувачки дух“, порачуваат организаторите.

StrugaOnline

error: