Лев банер Десен банер

Македонија ја совлада и Португалија и ќе се бори за 9. место на ЕХФ ЕУРО 2026

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија забележа значајна победа на Европското првенство ЕХФ ЕУРО 2026, совладувајќи ја и селекцијата на Португалија со 26:25 во неизвесен и драматичен натпревар.

Македонските кадети покажаа голема борбеност и карактер, успевајќи да ја сочуваат минималната предност до самиот крај и заслужено да стигнат до триумфот.

Со оваа победа, избраниците на стручниот штаб обезбедија пласман во натпреварот за 9. место на Европското првенство, каде ќе се обидат со победа да го заокружат успешниот настап на шампионатот.

Противник на Македонија во последниот натпревар ќе биде победникот од дуелот меѓу Австрија и Израел, по кој ќе биде познат и ривалот во битката за деветтата позиција.

Победата над Португалија претставува уште една потврда за потенцијалот на оваа генерација македонски ракометари, кои со своите настапи покажаа дека можат рамноправно да се носат со најдобрите европски селекции.

StrugaOnline

error: