Лев банер Десен банер

Четворица приведени по тепачка во Радожда, пронајдени дрога и марихуана

На 10.08.2026г. во 00:30 часот во с.Радожда, струшко, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Д.Д.(37) од Скопје, со привремен престој во село Радожда, С.Ф.(36), Ф.В.(33) и Н.Ч.(36), сите од Прилеп. Според пријавеното, претходно во викенд куќа на Д.Д. во селото, тројцата прилепчани физички го нападнале Д.Д. и му нанеле тешки телесни повреди. При вршење увид во врска со физичката пресметка во викенд куќата, полициските службеници пронашле бела прашкаста материја, по што била добиена наредба од јавен обвинител и бил службеници извршиле претрес во викенд куќата. При претресот била пронајдена и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: