Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Закани на 62 годишна жена и нејзиниот син, семејно насилство, кривична за фирма за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“

На 18.08.2026 во 10:50 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода П.Т.(68) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на 62 – годишна жена и нејзиниот син, исто така, од истото село. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.08.2026 во 15:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Џ.Т.(35) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувал кон членови на семејството, по што физички го нападнал Т.О.(33) од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.С.(32) од Охрид и против правен субјект, чиј сопственик е тој, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос”. Е.С. преку правниот субјект, работно ангажирал 21 годишно лице од Охрид без да склучи договор за работа, односно без да заснова работен однос во правното лице.  Со тоа,  Е.С. преку правниот субјект свесно ги прекршил одредбите од член 166  од Кривичниот законик и не се придржувал кон прописите и колективниот договор за засновање на работен однос.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: