Времето денес променливо облачно со сончеви периоди
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
3 Претор, 1 Крива Паланка, Струмица.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа во јужните делови ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 40 km/h.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

