Лев банер Десен банер

Веслачката федерација реализираше серија обуки за родова еднаквост, безбедност и женско лидерство во спортот

Во периодот од јули до септември 2026 година, Веслачката федерација на Македонија реализираше серија тематски обуки во рамки на проектот „Веслање без бариери: Зајакнување на жената и промена на политиките за родова еднаквост во ВФРСМ“.

Обуките беа наменети за различни целни групи – девојки веслачки, поранешни спортистки, тренери, членови на управни структури, спортски работници и волонтери. Нивната заедничка цел беше создавање побезбедна, поинклузивна и родово одговорна спортска средина, како и поттикнување поголемо учество на жените во управувањето и одлучувањето во спортот.

Во рамки на програмата беа реализирани обуки на следните теми:

  • „Родово чувствителен, безбеден и инклузивен пристап во спортската средина“;
  • „Мотивација, поддршка и отпорност кон родови бариери на девојките во спортот“;
  • „Управување со спортски организации и развој на женско лидерство во спортот“.

Преку дискусии, практични вежби и работа во мали групи, учесниците се запознаа со родово чувствителните пристапи, спречувањето на дискриминацијата, пристапноста за лицата со попреченост и родово одговорното буџетирање. Девојките работеа на зајакнување на самодовербата, мотивацијата и меѓусебната поддршка, додека поранешните спортистки беа охрабрени активно да се вклучат во управувањето и одлучувањето во спортот.

Беше презентиран и аналитичкиот извештај подготвен во рамки на проектот, кој послужи како основа за дискусија за идните чекори и потребните промени во веслањето

Со реализацијата на оваа серија обуки, Веслачката федерација уште еднаш ја потврди својата определба за спорт без дискриминација и родови бариери, спорт во кој секој има еднаква можност да учествува, да се развива, да напредува и да се чувствува безбедно и прифатено.

Проектот „Веслање без бариери“ со завршната конференција следниот месец ќе го заокружи ова проектно патување, но федерацијата останува доследна кон воспоставувањето на одржливи и родово одговорни политики, зајакнување на жените и девојките и создавање поинклузивна иднина за македонското веслање.

Проектот е субгрант во рамки на проектот Фер Игра и е финансиран од Европска Унија.

StrugaOnline

error: