РК Струга со два натпревари во сабота: кадетите против Еурофарм Пелистер, сениорите со Бутел
Богат ракометен ден ја очекува спортската сала „Тими“ во Струга, каде што домашниот РК Струга во сабота ќе одигра два натпревари, во рамки на кадетската и Супер машката лига.
Први на терен ќе излезат кадетите на РК Струга, кои од 15:30 часот ќе ги одмерaт силите со кадетскиот состав на Еурофарм Пелистер. Натпреварот носи ново искуство за младите ракометари на двата клуба, кои ќе имаат можност да ги покажат своите квалитети и борбеност.
Вечерниот термин е резервиран за Супер машката лига, каде што РК Струга ќе го пречека РК Бутел. Средбата е закажана за 18:30 часот, а домашниот тим ќе има поддршка од трибините во обид да стигне до позитивен резултат.
Од клубот ги повикуваат љубителите на ракометот да ја посетат спортската сала „Тими“ и да им дадат поддршка на струшките ракометари во двата натпревари.
StrugaOnline

