„Парите се отепувачка“ во сабота на сцената на Народен Театар Охрид
Класичната македонска драма „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле во сабота, 3 октомври, ќе биде изведена на сцената на Народен Театар Охрид. Претставата започнува во 20:00 часот, а цената на билетот изнесува 300 денари.
„Парите се отепувачка“ е едно од препознатливите дела на македонската драмска литература, а охридската театарска поставка носи ново сценско читање преку адаптацијата и режијата на Андреј Цветановски.
За сцената, костимите и видео-дизајнот е задолжен Сергеј Светозарев, додека музиката ја потпишува Димитар Андоновски.
Во претставата настапуваат:
-
Митре – Стрезо Стаматовски
-
Анѓеле – Филип Кипровски
-
Мара – Марија Новак
-
Ката – Адријана Билаловиќ-Тодороска
-
Софре – Никола Тодороски
Во реализацијата на претставата учествува и бројна техничка екипа. Инспициент е Филип Ангеличин-Жура, за тон и видео проекции е задолжен Никола Јосифоски, додека светлото го реализира Борис Велјаноски.
За гардеробата се задолжени Деса Лазороска и Линдита Мерко, реквизитата ја реализираат Соња Крстаноска и Маријана Николоска, а како сценски декоратери учествуваат Ѓоко Китоски, Горан Георгиески, Јане Велјаноски и Кире Ангелоски.
Билетите за претставата се достапни на билетарата на Народен Театар Охрид. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот, а на денот на изведбата од 13:00 до 20:00 часот.
„Парите се отепувачка“ – сабота, 3 октомври, 20:00 часот, Народен Театар Охрид. Цена на билет: 300 денари.
StrugaOnline

