Билтен за Охрид: Семејно насилство, управување возило со 1,96 промили алкохол во крвта
На 28.09.2026 во 01:25 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија М.К.(24) од Охрид, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.09.2026 во 01:34 часот, при контрола во патниот сообраќај извршена на кеј „Македонија” во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај сопреа патнички автомобил „бмв” со словенечки национални ознаки, управуван од Ј.С.(66) од Гостивар и при извршено алкотестирање, кај него констатираа 1,96 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

