Лев банер Десен банер

Утре кадетите во недела пионерите на РК Струга играат против Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2

Младите ракометари на РК Струга овој викенд ги очекува нов предизвик во кадетската и пионерската машка лига.

Кадетите утре играат против Алкалоид од Скопје со почеток во 12:00 часот, додека пионерите во рамките на шесттото коло, ќе ги одмерат силите со екипата на РК Еурофарм Пелистер 2 од Битола, во натпревар што ќе се одигра во недела, 01 ноември.

Двата натпревари се закажани за во 12:00 часот во спортската сала „Тими“ во Струга, каде што младите ракометари ќе имаат можност да ги покажат своите квалитети и борбеност на теренот.

Од клубот упатуваат повик до љубителите на ракометот, навивачите и сите поддржувачи да дојдат во салата и да им дадат поддршка на младите стружани во овој лигашки дуел.

Кој не е во можност да присуствува може да го гледа натпреварот на следниот линк:

StrugaOnline

error: