Лев банер Десен банер

Општина Струга доделува 200.000 денари субвенции за приватни музеи и уметнички галерии

Општина Струга објави јавен повик за финансиска поддршка на приватните музеи и уметнички галерии кои функционираат на територијата на општината. За оваа намена се предвидени вкупно 200.000 денари, кои ќе бидат распределени подеднакво меѓу сите баратели чии апликации ќе бидат одобрени.

Јавниот повик се реализира согласно Програмата за општа туристичка пропаганда за 2026 година и Правилникот за субвенционирање на музејски изложби и уметнички галерии во приватна сопственост.

Заинтересираните приватни музеи и уметнички галерии своите барања можат да ги достават најдоцна до 27 ноември 2026 година, на шалтерот на Општина Струга, секој работен ден во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Со оваа финансиска мерка, Општина Струга има за цел да го поттикне развојот на културниот сектор, да го поддржи уметничкото творештво и да придонесе кон зачувување и промоција на културното наследство.

Поддршката на приватните музеи и галерии се очекува да придонесе и за збогатување на туристичката понуда на Струга, како и за развој на културниот туризам и афирмација на градот како значајна културна дестинација.

Услови, потребна документација и целосен јавен повик: https://www.struga.gov.mk/…/thirrje-publike-per…/

StrugaOnline

error: