Вевчани и Струга со свои фолклорни ансамбли на Државната фолклорна смотра во Скопје
Културно-уметничките друштва од Вевчани и Струга ќе бидат дел од големата фолклорна манифестација „Фолклорна разгледница – Државна фолклорна смотра“, која ќе се одржи во вторник (17 ноември 2026 година), со почеток во 18:00 часот, во Македонската опера и балет во Скопје.
На оваа значајна културна манифестација, во организација на СОФАМ, ќе учествуваат КУД „Дримкол“ од Вевчани, КУД „Илинден“ од Струга и ФНК „Пображење“ од Вевчани, заедно со уште 25 културно-уметнички друштва од Македонија.
Настанот ќе обедини бројни фолклорни ансамбли од земјава, кои преку традиционалните песни, ора, носии и обичаи ќе го претстават богатото македонско фолклорно наследство.
Учеството на вевчанските и струшките ансамбли претставува уште една можност за промоција и афирмација на традицијата и културното богатство на овој крај, како и потврда за посветеноста на членовите кон зачувувањето и пренесувањето на народното творештво на идните генерации.
StrugaOnline

