Лев банер Десен банер

Денеска во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга се одржаа две едукативни работилници под мотото „Заедно кон инклузија – градиме мостови, а не ѕидови“

Во ООУ „Браќа Миладиновци“ денеска се одржаа две едукативни работилници наменети за учениците и наставниците, под мотото „Заедно кон инклузија – градиме мостови, а не ѕидови“.

Работилниците беа реализирани од страна на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, со цел подигнување на свеста за значењето на инклузијата, прифаќањето на различностите и создавањето еднакви можности за сите ученици.

Преку ваквите активности се испраќа важна порака дека секое дете заслужува поддршка, разбирање и можност активно да учествува во образовниот процес, без разлика на своите индивидуални способности и потреби.

ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга уште еднаш потврди дека прифаќањето на различностите, меѓусебното почитување и создавањето инклузивна училишна средина се вредности на кои континуирано треба да се работи.

Со ваквите иницијативи училиштето продолжува да гради средина во која различностите не се пречка, туку богатство, а инклузијата не е само збор, туку заедничка одговорност и практика.

StrugaOnline

error: