Есенски концерт утре во Струга на учениците од ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“
Љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во музичка вечер исполнета со дела од познати светски композитори, на Есенскиот концерт на учениците од инструменталните класи при ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“.
Концертот ќе се одржи на 17 ноември 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга.
Настанот е во организација на ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“, во соработка со Националната установа Музеј „д-р Никола Незлобински“.
На програмата се предвидени дела од еминентни композитори, меѓу кои Јохан Себастијан Бах, Калдера, Фредерик Шопен, Хенрик Вјењавски, Еитор Вила-Лобос и други.
Есенскиот концерт претставува можност младите музички таленти да ги покажат своите способности, знаења и музичка посветеност пред струшката публика, а воедно и уште една можност за промоција на класичната музика и младото музичко творештво.
Организаторите ги покануваат сите љубители на музиката да присуствуваат на настанот и да уживаат во музичката програма подготвена од учениците.
StrugaOnline

