Лев банер Десен банер

Охриѓанец возел четирицикл со 2,22 промили алкохол, излетал од коловозот

На 16.11.2026 во 21:47 часот на пресекот на бул.„Туристичка“ со улица „Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници го лишија од слобода И.Г.(41) од Охрид. претходно, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, тој изгубил контрола и со четирициклот излетал од коловозот. При извршен увид и извршено алкотестирање, било констатирано дека го управува четирициклот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено , а по документирање на случајот, против И.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: