Општина Струга повторно го распиша конкурсот за лого и слоган за промоција на градот како туристичка дестинација
Општина Струга повторно го објавува јавниот конкурс за изработка на оригинално туристичко лого и придружен слоган, со кои градот ќе го претстави својот идентитет, природните убавини и уникатноста пред домашната и меѓународната јавност.
Преку овој конкурс, Општина Струга ги повикува креативните граѓани да дадат свој придонес во создавањето на визуелниот идентитет на градот и да понудат оригинално решение кое на автентичен начин ќе ги отслика туристичките вредности на Струга.
Право на учество имаат сите физички лица со живеалиште на територијата на Општина Струга, без оглед дали имаат професионално искуство во областа на дизајнот.
За најдоброто избрано решение е предвидена парична награда од 100.000 денари.
Секој учесник може да достави најмногу две оригинални дигитални решенија, при што логото треба да биде придружено со слоган на три јазици: македонски, албански и англиски.
Од Општина Струга очекуваат преку овој конкурс да се добијат креативни и препознатливи идеи кои ќе придонесат за промоција на градот како атрактивна туристичка дестинација.
Ова е можност креативноста и визијата на стружани да станат дел од новиот туристички идентитет на градот и Струга да добие лого и слоган по кои ќе биде препознатлива пред светот.
Рок за доставување до 27.11.2026, во 16:00 часот.
Сите услови, критериуми и начинот на пријавување: https://www.struga.gov.mk/…/konkurs-publik-i…/
StrugaOnline

