Општина Струга со известување за физичките и правни лица да ги подмират долговите за комунална такса
Општина Струга ги известува сите физички и правни лица дека се објавени списоците со недоставени, односно вратени опомени за комунална такса за 2024 и 2025 година.
Граѓаните и правните субјекти кои имаат неплатени обврски за комунална такса, а опомената не ја примиле лично, треба да проверат дали се наоѓаат на објавените списоци во Службениот гласник на Општина Струга, како и на огласната табла на влезот во општинската зграда.
Од Општината информираат дека, доколку обврзниците се опфатени со објавените списоци, опомените ќе се сметаат за уредно доставени.
Од следната недела започнува присилната наплата!
Општина Струга упатува апел до сите даночни обврзници кои имаат неподмирени долгови навреме да ги извршат своите плаќања, со цел да избегнат дополнителни финансиски трошоци.
При неплаќање, граѓаните и правните лица може да се соочат со:
- Дополнителни нотарски трошоци;
- Трошоци за извршител;
- Пресметување камата на неподмирениот долг.
Од Општината посочуваат дека постапката за присилна наплата ќе се спроведува по истекот на законски утврдениот рок од 10 дена, согласно важечките прописи.
За дополнителни информации и појаснувања, даночните обврзници можат да се обратат до Секторот за финансиски прашања при Општина Струга.
Општината апелира до сите обврзници да ги проверат објавените списоци и навреме да ги подмират своите обврски, со цел да избегнат дополнителни трошоци.
StrugaOnline

