Лев банер Десен банер

ЈП „Водовод и канализација“ – Струга добива нова работна опрема и мини багер за одржување на водоводната мрежа

По долгогодишен период, Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга доби нова работна опрема, вклучително и мини багер наменет за одржување и санирање на водоводната мрежа на територијата на Општина Струга.

Мини багерот е обезбеден од Општина Струга во рамки на проектот „Развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој 2026“, поддржан од Бирото за регионален развој. Проектот е аплициран од страна на Југозападниот плански регион.

Набавката на оваа механизација ќе овозможи побрзи и поефикасни интервенции при одржувањето и санирањето на водоводната мрежа, како и подобрување на оперативните капацитети на претпријатието.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Струга упатија благодарност до Општина Струга и Центарот за развој на Југозападниот плански регион за поддршката и реализацијата на оваа инвестиција.

Оваа набавка претставува значаен чекор кон модернизација и зајакнување на техничките капацитети на претпријатието, со цел подобрување на квалитетот и ефикасноста на комуналните услуги во интерес на граѓаните.

StrugaOnline

error: